Црногорскиот премиер Душко Марковиќ и неговиот грчки колега Алексис Ципрас денеска, по повод 14-годишнината од обновата на Стариот мост во Мостар ќе ја потпишат „Мостарската повелба за мир“.

Тие ќе ја потпишат Повелбата една година откако тоа го направи македонскиот премиер Зоран Заев, односно две години откако документот го потпиша претседавачот со Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ.

„Мостарската повелба за мир“ е заснована на претпознатливиот придонес и залагање за мир, стабилност, доверба и соработка, наведува новинската агенција ФЕНА.

По повод годишнината од обновата на Стариот мост ќе биде воспоставена традиционална манифестација „Мостар не ги заборава пријателите“ , чиј организатор Центар за мир и мултиетничка соработка.

Според сараевските медиуми, во вечерниот дел од програмата е предвидено Звиздиќ, Марковиќ, Ципрас и Заев ќе го посетат Стариот мост и во знак на мир, ќе фрлат цвеќе во реката Неретва.

Потоа, на истакнати поединци за придонесот за мир и воспоставувањето доверба и соработка меѓу луѓето ќе им биде врачена меѓународната награда „Mostar Peace Connection“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 10:23