Во Бугарија од јануари до почетокот на јули се издадени 6.700 дозволи за работа на странци од земјите надвор од Европската унија, а во истиот период минатата година биле ангажирани околу 3.000 работници од трети земји, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Најмногу работници се ангажирани од Украина, Молдавија, Киргистан и Србија.

Странците од трети земји главно се вработуваат во бугарските хотели и угостителските објекти.

Во Бугарија просечната месечна нето плата изнесува 533 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 12:46