Кошаркарот Ентони Кармело ќе ја продолжи кариерата во Хјустон Рокитс.
Американските медиуми објавија дека 34-годишниот кошаркар ќе го раскине договорот со Атланта Хоукс и ќе стане слободен играч.
Иако за неговите услуги се интересираа уште неколку клубови, Кармело го избрал Хјустон поради амбициозноста на прoектот. Тој се согласил да потпише едногодишен договор за плата од 2,4 милиони долари.
Кармело минатата сезона ја заврши со просек од 16,2 поени по натпревар, што е најлош резултат во неговата кариера.