Хрватска им ги отпиша долговите на повеќе од 150.000 блокирани граѓани, кои на државата и правни лица поврзани со неа и должеле 10.000 куни (1.360 евра) плус камати.

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека долговите се отпишани врз основа на новиот Закон за отпишување на долгови за физички лица кои имале долг до 10.000 куни плус камати, со што целосно се деблокирани 6.248 граѓани. Износот на отпишаниот долг е 1,338 милијарди куни.

Најмногу граѓани на кои државата им го отпишала долгот има во Загреб и тоа 28.743, во Сплит се 4.302, во Осијек 3.701, а во Ријека 3.842. Станува збор за отпишување на долгови кон државата или правни лица на кои државата им е единствен основач или сопственик, како што се Хрватската радиотелевизија или Хрватскиот завод за здравствено осигурување.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 10:25