Полицијата од албанскиот град Лежа,на патниот правец Фуш Круја-Мамурас, заплени 200 килограми марихуана и четири литри масло од хашиш.

Во рамки на акцијата, која следувала по неколкунеделна истрага биле запленети и еден пиштол и куршуми за него, две возила и четири мобилни телефони. Уапсени се четири лица на возраст од 32 до 54 години, сите од градот Круја.

Полицијата продолжува со истрагата со цел откривање и на други лица внешани во оваа криминална активност.

Уапсените пред судот во Лежа ќе одговарат за „недозволено производство и трговија со наркотични средства“ како и „недозволено поседување оружје“.

Поради зачестените обиди за шверц на марихуана произведена во Албанија,која најчесто нелегално се транспортира во Италија и Грција, албанската полиција отвори бесплатна телефонска линија на која може да се јавуваат граѓаните за да понудат информација која ќе помогне во сузбивањето на појавата на нелегално одгледување и трговија со дрога во земјата.

Инаку, во изминатиот период од годинава лбанската,италијанската и грчката полиција спречиле шверц на околу 30 тони марихуана произведена во Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 11:32