Природните катастрофи не познаваат граници и ги надминуваат споровите, соопштуваат од грчкото МНР и им се заблагодаруваат на сите за понудената помош и изразената поддршка и солидарност.
- Ја изразуваме нашата искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на ПЈРМ, Никола Димитров за нивната брза реакција да понудат воздушни средства за гасење на смртоносните пожари во Атика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкото МНР им се заблагодаруваат и на Кипар, Израел, Шпанија и Европската комисија за понудената помош, но и на „сите пријатели и партнери кои изразија сочувство и солидарност со драмата на грчкиот народ“.
- Оваа брза понуда за помош покажува во пракса дека духот на вистинската соработка и солидарност, како и природните катастрофи не познаваат граници и надминуваат каков било спор, невдуваат од грчкото МНР.