Албанското Обвинителство заплени имот на поранешниот главен обвинител кој е под истрага поради корупција и перење пари, објави денеска Обвинителството.

Еден од условите на Европската унија за Албанија за отворање преговори за членство е борба против корупцијата.

Поранешниот главен обвинител Адриатик Лала беше до своето заминување од функција во 2017 година еден од највлијателните луѓе во Албанија.

Обвинителството во Драч отвори истрага во април против него бидејќи одби да пријави свој имот и подоцна беше осомничен за перење пари, лажни изјави и обид за изнесување готовина пари од државата.

Обвинителството заплени негов имот вреден 783.000 евра меѓу кои стан во Драч и околу два хектари земја.

Забранет му е влез во САД како и за неговото семејство. Албанија покрена судски реформи што предвидуваат утврдување потекло на имот на претставници на судството.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 12:41