Репрезентативецот на Македонија, Војдан Стојановски потпиша договор со германскиот прволигаш Олденбург, соопштија официјално од клубот. За нашиот кошаркар првенството е познато, бидејќи од 2013 до 2015-та година настапуваше во дресот на Алба, со кого го освои Купот на Германија. - Војдан ќе биде големо засилување. Тој е играч со голема кошаркарска интелигенција, кој секогаш е посветен на тимската работа, изјави по повод потпишувањето на договорот тренерот на Олденбург, Младен Дријенчиќ. Претходно 30-годишниот Стојановски настапуваше една година во Турција во дресот на Бујукчекмече. Во Шпанија во Ендеса лигата бекот го носеше дресот на Андора и на Бетис, а во Украина за Доњецк.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 13:35