Градоначалниците на Скопје и Тирана стапиле во контакт со нивниот атински колега и му изразиле поддршка, но и му понудиле да испратат помош, соопштуваат од кабинетот на градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис.
- Со градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис контактираа градоначалниците на Тирана, Ерион Велај и на Скопје, Петре Шилегов, кои ја изразија нивната огромна поддршка за она низ што поминува Атика, како и нивната намера за итна помош преку Атина, за да погодените области. Каминис им се заблагодари за солидарност што ја демонстрираат и договорија нов контакт за следните чекори, соопштуваат од кабинетот на Каминис, јави дописничката на МИА од Атина.