Од вкупно 1,19 милијарди евра кредити, со кои во првата половина од годината населението на Црна Гора се задолжило, 621 милион евра се готовински и ненаменски, а 367 милиони евра се станбени, соопшти Централната банка.

Според податоците на Банката, граѓаните најмногу се задолжуваат за ненаменско трошење и тоа со високи камати.

Задолжувањето на населението кон банките дополнително се зголеми минатата година од 1,02 на 1,12 милијарди евра, се наведува во извештајот што Централната банка го достави до Собранието на Црна Гора.

На крајот на минатата година долгот на населението изнесуваше 26,5 отсто од БДП, додека во 2016 година изнесуваше 25,7 отсто.

- Минатата година населението преку нови кредити од банките се задолжи со 476,5 милиони евра. Новото задолжување главно се однесуваше на готовински кредити - 63,7 отсто, што со години е најчест тип на кредит за населението, се наведува во извештајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 13:46