Американскиот глумец Денис Квејд гостуваше во емисија на Ен-би-си, во која говореше пред се за улогата на поранешниот претседател на САД Роналд Реган, со која е актуелен периодов, но и за својата зависност од кокаин.
Во разговорот снимен на „Ранчот на Реган“ во Калифорнија, Квејд вели дека Реган е неговиот омилен претседател.
За својот брак со Мег Рајан, со која се разведе пред 18 години, тој вели дека се чувствувал како постојано да е во сенка на својата сопруга. Натаму, глумецот признава дека долго време бил и зависник од кокаин.
- Израснав 1970-те и 1980-те, кога односот кон кокаинот беше сосем поинаков. Кокаинот честопати беше неизоставен дел од буџетот на филмовите, изјави актерот.
Поради зависноста, тој страдал и од несоница, па одвикнувањето, како и вообичаено, било вистински кошмар. - По цела ноќ викав на Бога да ме оттргне од таа напаст... Оти понекогаш имав само еден час до следната задача, а не можев да заспијам, додава Квејд.
Тој се одвикнал од дрогата само преку посебна програма за одвикнување.