Општина Аеродром се приклучува кон глобалниот настан за мапирање и расчистување диви депонии инициран од движењето „Let's Do It! World“.

Акцијата е предвидено да се спроведе на Светскиот ден на чистење, 15 септември, а граѓаните имаат можност директно да се вклучат во детектирање на расфрлениот отпад преку апликацијата „World Cleanup“ на следниот линк https://www.worldcleanupday.org/map-it/.

Мапирањето трае до средината на август, по што ќе следи процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.

„Let's Do It! World“ е најбрзорастечкото граѓанско движење во светот, кое ги поврзува и ги охрабрува граѓаните, општините, компаниите и владите да ги исчистат своите земји од лошо управуваниот отпад. Од 2008 година кон ова движење се приклучија речиси 20 милиони луѓе од целиот свет.

Организатор на настанот во Македонија е Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 14:08