Oткако пред неколку дена, поради контроверзните објави на Твитер, Дизни го отпушти режисерот Џејмс Ган од проекот „Чувари на Галаксијата 3“, илјадници обожаватели преку онлајн петиција бараат негово враќање.
Ган, кој ги режираше првите два дела од сагата, беше отстранет од проектот поради објави стари неколку години, откриени пред извесно време, коишто содржат доста остар, тн. црн хумор, и што се однесуваат на педофилијата, силувањето итн. Многумина не го прифаќаат тој хумор и го сметаат за навредлив, па по избивањето на овој своевиден скандал, Ган и јавно се извини за објавите.
- Зошто е отпуштен и покрај тоа што се извини, и одамна не објавил таква шега?!, прашува глумицата Селма Блер споделувајќи ја онлајн петицијата.
Бројот на потписници на петицијата надмина 168.000 лица.