Директорот на Зоолошката градина Скопје Ѓорѓи Галетановски денеска се сретна со градоначалниците на Кисела Вода и на Бутел Филип Темелковски и Велимир Смилевски.
На средбата, како што информира Зоолошката градина, е договорена целосна соработка вклучувајќи ги општинските сектори за образование и секоја општина ќе се вклучи со донации.
- Зоолошката градина е на сите деца, од сите општини. За тие успешно да се едуцираат на општините ќе ги отстапиме двата едукативни центри, кои се целосно опремени за успешна едукација на деца од предучилишна и училишна возраст, изјави директорот Галетановски.
Проектот „Европска зоолошка“ има за цел Зоолошката градина во Скопје да се направи по европски стандарди. Проектот го почна Галетановски откако дојде на функцијата директор.