Двејн Вејд од неодамна е мета на клубови од кинеската лига, а сега на маса има и конкретна понуда. Вејд минатата сезона ја помина во Мајами Хит, а сега се уште не одлучил каде да ја продолжи кариерата или можеби да ја заврши. Неодамна се појавија информации дека кинески клубови се заинтересирани за него, но сега „Голден Булс“ испратија понуда вредна 25 милиони долари за три години, пренесува „Спортандо“. Понудата е одлична за стандардите на сите пазари, кои не се од САД, а можеби дури и поголема од она што ќе го добие 36-годишниот бек во НБА. Двејн започна во Кливленд минатата година, но се врати во Мајами, каде ја започна својата кариера. За Хит тој постигна во просек 12 поени, 3,1 асистенции и 3,4 скока за 21 натпревар. За Вејд моментално сите опции се отворени, но во неколку наврати изјави дека ако тој одлучи да ја продолжи својата кариера во НБА, веројатно ќе го стори тоа само во Мајами.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 11:18