Македонскиот краток филм „Еклер”, по сценарио и режија на Марко Ѓоковиќ ја доби наградата за најдобар филм во категоријата на среднометражни филмови на годинашното десетто издание на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина (ПриФест).

„Еклер” претходно ја освои Гран при наградата за најдобар среднометражен филм и на 23. издание на Меѓународниот филмскиот фестивал во Нанси.

„Еклер“ е приказна за синот на готвачката во Маршаловата вила, кој по десет години конечно добива шанса да ја вкуси забранетата храна. Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.

ПриФест е меѓународен фестивал со четири натпреварувачки категории, Европски филм, Балкански филм, Среднометражен филм и категорија на Документарен филм. Актерката Венеса Редгрејв беше специјален гостин на годинашното десетто издание на фестивалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 11:38