Португалскиот плејмејкер, Жоао Мутињо веќе е дел од англиската Премиер Лига, поточно од повратникот во елитата Вулверхемптон. Монако и Вулвс постигнаа договор вреден пет милиони евра, по што играчот ги помина медицинските прегледи и потпиша договор за две години.
Водечка сила во трансферот беше менаџерот на играчот, Жорже Мендеш, кој одржува блиски односи со францускиот тим и истовремено поседува мал процент од акции кај „волците“.
- Ова е нова авантура во одличен клуб. Се надевам дека ќе постигнеме многу од нашите цели и се надевам дека ќе помогнам за напредокот на клубот. Ова е одличен клуб и многу добар проект, кој ме исполнува со ентузијазам. Се надевам дека ќе ги освоиме сите наши натпревари, иако знам дека ќе биде тешко против големите клубови во Премиер Лигата, но мојата поставеност е да се победи на секој натпревар, истакна европскиот шампион со Португалија по трансферот.
Вулверхемптон веќе го привлече и голманот на репрезентацијата на Португалија и Спортинг - Руи Патрицио.