Репрезентативецот на Португалија и поранешниот фудбалер на Спортинг Лисабон, Желсон Мартинс е најновиот играч на Атлетико Мадрид, соопшти шпанскиот клуб.

Крилниот играч со Атлетико потпиша петгодишен договор во кој пристигна како слободен агент, откако го раскина договорот со Спортинг од Лисабон поради нападот на хулиганите на крајот од минатата сезона.

Мартинс минатата сезона за Спортинг во 52 натпревара постигна 13 голови, додека за репрезентацијата на Португалија има 19 настапи.

Спортинг има намера да поднесе тужба до Меѓународната фудбалска федерација за овој трансфер, верувајќи дека му следува надомест од дури 60 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузула, запишана во договорот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 16:02