Репрезентативецот на Колумбија, Хамес Родригез предизвика голем скандал во Рајо Ваљекано откако се скара со тренерот Иниго Перез.

Раководството на клубот е шокирано од неговиот став и особено лошите игри оваа есен и му порачаа дека може да си замине. Најверојатно кариерата ќе ја продолжи во тим од Мексико.

На „Вајекас“ го прифатија како играч кој ќе му помогне на тимот да забележи подобри резултати, но ништо од тоа.

Така поранешниот играч на Реал Мадрид и Баерн Минхен повторно ќе мора да ја напушти Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 23:23