Американскиот кошаркар Џо Фурстингер ќе ја засили екипата на Гостивар, откако претходно биле договорени условите за едногодишна соработка.
За 22-годишниот кошаркар ова е прво искуство во Европа, а претходно настапуваше во Унивезитетската лига на САД за тимот на Њу Мексико.
Фурстингер е висок 206 сантиметри и игра на позицијата центар. Минатата сезона во просек постигна по 10,4 поени и 6,8 скокови по натпревар.
Ова е втор американски кошаркар кој ќе игра за Гостивар следната сезона, откако претходно беше потвдено и доаѓањето на Карим Канти во клубот.