Светската фудбалска федерација (ФИФА) го прогласи голот на францускиот репрезентативец Бенжамен Павар за најубав гол на Светското првенство во Русија.

Според резултатите од гласањето, во конкуренција на 17 голови победи Павар со голот кој го постигна во осминафиналето против Аргентина.

Франција со овој гол израмни на 2:2, а потоа направи пресврт и го доби натпреварот со 4:3.

ФИФА оваа награда ја воведе на Мундијалот во 2006 година, а првпат ја добива фудбалер од Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 00:07