Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола ги отфрли гласините за трансфер од Јувентус на босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ.

По двете успешни сезони во италијанскиот клуб летово се појавија гласини дека 28-годишниот фудбалер сака нов предизвик и дека кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Но, Гвардиола недвосмислено соопшти дека Манчестер сити не е заинтересиран за Пјаниќ.

- Тој е врвен играч, но ние не сме заинтересирани за него. Има уште неколку седмици до крајот на преодниот рок и ние треба да донесеме одлука. Можеби ќе дојде уште еден играч, но и вака сме доволно подготвени за новата сезона. Имаме добри играчи на сите позиции, истакна Гвардиола.

Манчестер сити на барање на Гвардиола летово го донесе Ријад Марез од Лестер за 60 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 00:08