Манчестер Јунајтед го победи Милан во Интернационалниот куп на шампионите. Во редовното време, двата тима не се победија на стадионот Роуз Боул во Пасадена, Калифорнија, со што натпреварот заврши 1:1. Алексис Санчез отвори за „црвените ѓаволи“ во 12 минута, но Сусо изедначи во 15-тата. При изведувањето на пенали ривалите создадоа вистинско шоу за гледачите, откако изведоа вкупно 26 удари пред да стане јасен победникот. На крајот, тоа беше англискиот тим, кој победи со 9:8. Иако на страната на губитниците, Хозе Реина направи силно деби за Милан, откако одбрани четири пенали и реализираше еден. Манчестер Јунајтед - Милан 1: 1 (9: 8 во пенали) 1:0 Санчез (12) 1:1 Сусо (15) Пенали: 1:0 А. Переира 1:1 Чалханоглу 2:1 Ерера - Борини - промаши 3:1 Санчез 3:2 Кеси - Мектомини - промаши - Сусо - промаши - Г. Переира - промаши 3:3 Реина Баји - промаши Ромањоли промаши 4:3 Смолинг 4:4 Калдара 5:4 Туанзбе 5:5 Калиниќ 6:5 Фосу-Менса 6:6 Мусакио - Хамилтон - промаши - Маури - промаши 7:6 Дармијан 7:7 Антонели 8:7 А. Переира 8:8 Чалханоглу 9:8 Херера - Кеси - промаши.