Во конкуренција на Александар Вучиќ, Зоран Ѓинѓиќ, Слободан Милошевиќ, Никола Пашиќ, Борис Тадиќ и Воислав Коштуница, мнозинството Србија својот глас би го дале за Јосип Броз Тито, покажува анкетата направена за потребите на белградски „Недељник“.

Весникот наведува дека по стогодишното искуство живеење во Југославија, а за да се провери односот на денешната јавност кон државниците кои во некој период од историјата ја воделе Србија, неделникот и „Нинамедија“ спровеле анкета со прашањето: Да можете утре да гласате на избори, за кој од понудените кандидати би гласале?

Резултатите од истражувањето покажува дека на хипотетичките избори би победил поранешниот лидер на СФРЈ со 24,6 отсто од гласовите, а зад него се најде актуелниот српски претседател со 23,5 отсто.

Поранешниот српски премиер Ѓинѓиќ би добил 10,7 отсто од гласовите, екс претседателот на Србија Милошевиќ би освоил 7,4 отсто, долгогодишниот претседател на Кралството СХС Пашиќ би имал 4,4 проценти, за поранешниот претседател Тадиќ би гласале 2,1 отсто, а за последниот претседател на Сојузна Република Југославија и поранешен српски премиер Коштуница гласот би го дале 0,7 отсто од избирачите. Повеќе од 18 отсто од испитаниците не навеле ниту еден од нив, а речиси осум проценти рекле дека не знаат за кого би гласале.

Истражувањето е спроведено на примерок од 802 испитаници, во периодот од 23 до 30 јуни годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 11:15