Под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ вечер во општина Илинден ќе бидат одбележани патрониот празник на општината - „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на општината ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио. Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда, Влатко Стефановски, кој ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини, за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум, велат од општина Илинден.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 11:23