Цените на акциите на Фејсбук се намалени за повеќе од 20 отсто откако компанијата објави најспора стапка на раст на корисници со застрашувачко предупредување дека растот на приходите сигурно ќе биде успорен.

Пред објавувањето за исклучително лошата заработка за второто тримесечие цената на акциите на Фејсбук беше 217,5 долари (рекордно високо), но се намали на околу 172 долари по објавувањето на финансиските резултати. Тоа претставува пад на пазарната капитализација од околу 123 милијарди долари.

Постојат пет големи причини за огромниот пад на вредноста на акциите на Фејсбук:

- Најспора стапка на раст на корисници - бројот на месечните корисници на ФБ е зголемен за само 1,54 отсто во споредба со 3,14 отсто во последниот квартал. Бројот на дневни активни корисници има уште поспор раст од 1,4 отсто во споредба со 3,42 отсто во последнито квартал.

- Намален број корисници во Европа, стагнација во САД и Канада. - Фејсбук за првпат регистрира пад на месечниот борј на корисници во Европа од 377 милиони на 376 милиони. Компанијата стагнира на 241 милион во САД и во Канада. Тоа се два најпрофитабилни пазари за Фб каде се остварува заработка од 25, 91 долар по корисник во Северна Америка и 8,76 долари во Европа. Доколку заработката на тие пазари запре дури и брз раст во останатите светски региони, каде компанијата заработува само 1,91 долар по корисник, нема да го спаси Фејсбук.

- Намален раст на приход - Приходите на Фејсбук се зголемени за 42 отсто на годишно ниво за време на второто тримесечие. Меѓутоа оттаму предупредуваат дека се можни успорувања во следните тримесечија комбинацијата за нови контроли на приватноста нови искуства ќе придонесат за успорување. Тоа е она што предизвикало цените на акциите на Фејсбук да се намалат од -7 отсто на -20 отсто.

Приватност и благосостојба – Второто тримесечие донесе дебитирање на европскиот GDPR што го примора ФБ да ја промени својата политика за приватност и корисниците да прифатат начин на кој компанијата собира податоци за нив.

Префрлање на фокусот на Stories – ФБ проценува дека до 2019 година со давање Stories слајдови ќе надмине споделување содржини преку фидови. Проблем е што огласувачите може да бидат поспори од корисниците во процес на предлање на таков систем. ФБ има голем број луѓе кои Stories го користат секој ден, со 150 милиони Stories корисници на ФБ, 70 милиони на Месенџер, 400 милиони на Инстаграм и 450 милиони на Ватсап.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 13:06