Хрватската Влада денеска донесе одлука за распределба на 24 милиони куни (околу 3,2 милиони евра) за финансирање различни културни, образовни, научни, здравствени и останати програми и проекти од интерес за хрватскиот народ во Босна и Херцеговина за 2018 година.

Државниот секретар на Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од Република Хрватска, Звонко Милас истакна дека тоа е најголемиот износ што некогаш бил насочен за поддршка на Хрватите во БиХ.

- За 31 проект од областа на културата ќе бидат потрошени 5,4 милиони куни (околу 700 илјади евра), за 23 проекти од областа на образованието и науката 6 милиони куни (околу 800 илјади евра), за 16 проекти од областа на здравството 5,2 милиони куни (околу 700 илјади евра) и за 35 проекти во други области 7,3 милиони куни (околу еден милион евра), Рече Милас.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 13:44