Косовскиот претседател Хашим Тачи, по денешната средба со политички претставници на Албанците од Прешевската Долина, одговарајќи на нивното барање за поддршка на територијална автономија во рамките на Србија со право за припојување кон Косово, изјави дека „Косово го поддржува територијалниот интегритет на Србија“ и не прифаќа промена на границите, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи по состанокот изјави дека ги ислушал внимателно изјавите на претставниците на Албанците од Прешевската Долина, но дека, според него, финалниот договор ќе биде „помеѓу две независни држави, без да се задира во нивниот суверенитет“.

Косовскиот претседател рече дека ќе се залага за правата и за унапредување на положбата на албанската заедница во Србија, но дека барањето на лидерите од Прешевската Долина за обединување со Косово е „тешко остварливо“, но дека многу наскоро ќе ги информира дали ова прашање ќе биде отворено на преговарачката маса со Србија.

Поранешниот градоначалник на Прешево, Рагми Мустафа рече дека на Тачи му го пренеле барањето на Албанците од јужна Србија за вклучување на нивните политички претставници во дијалогот меѓу Косово и Србија



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 16:24