Малтретирањето на новинарите на интернет од страна на одредени лица или од авторитарните влади се проширува низ светот и најчесто е насочен кон жените, се наведува во најновиот извештај на Репортери без граници (РСФ).

- Во 2018 година се покажа дека притисокот врз новинарите е полесно од кога било, се посочува во извештајот насловен „Интернет малтретирање на новинарите: Кога троловите напаѓаат“.

Во извештајот се документирани десетици случаи на малтретирани новинари во 32 држави во период од шест месеци.

- Интернет малтретирањето е феномен распространет ширум светот и денес е една од најголемите закани за слободата на медиумите, истакна генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар.

РСФ го осуди „кампањите на омраза спроведени од авторитарни или репресивни режими, како во Кина, Русија, Индија, Турција, Виетнам, Иран, Алжир и други земји“, но исто така ги осудува и кампањите за кибер малтретирање од страна на лица или политички групи во земји, кои важат за демократски.

Најчеста цел на троловите се истажувачки новинари, првенствено во авторитарните режими, кои пишуваат за политички или криминални групи. А, најпогодени од кибер малтретирањето се новинарките.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 21:41