Во Скопје денеска ќе бидат отворени малите групни домови за децата од Јавната установа „25 Мај“.

Отворањето официјално ќе се одбележи во групниот дом во населба Влае на улицата „Иван Цанкар“ број 115, зад бензинската на Макпетрол, по пешачкиот мост.

Ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставникот на канцеларијата на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, како и претставници од партнерски институции и граѓански организации.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 10:12