Загадувачките супстанци во воздухот од печката за согорување медицински отпад на депонијата „Дрисла“ не ги надминуваат просечните вредности. Ова го констатира Државниот инспекторат за животна средина и надлежен државен инспектор за животна средина, по извршените мерења.

Тие извршиле увид во интерниот мониторинг на емисијата на гасови од оџакот на печката за согорување медицински отпад.

- По добиените резулатти од акредитираната лабораторија од шести јуни и четврти јули годинава од извештаите од мерењата на јаглероден моноксид, јаглероден двооксид, азотни оксиди, сулфурен двооксид и прашина, емисиите не ги надминуваат просечните вредности, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

Оттаму информираат дека конитинуирано ја следат работата на депонијата „Дрисла“ и на печката за согорување медицински отпад.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 10:40