Голманот Страхиња Милиќ повеќе не е член на РК Вардар, откако спогодбено е раскинат договорот за соработка, соопштија денеска од клубот. Милиќ последните седум сезони ги помина во дресот на „црвено-црните“ и беше дел од најголемите успеаси на тимот, како освојувањето на европската титула, четири титули во СЕХА лигата, пет титули во Македонија, шест трофеи во Купот на Македонија и еден трофеј во Супер Купот на Македонија. Од клубот му посакаа на Србинот успех во натамошната кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 13:57