Албанскиот претседартел Илир Мета, не го потпиша законот за уривање на Националнито театар и истиот го врати на повторно рзгледување во Парламентот.

Во образоложението меѓу другото Мета оценува дека законот ги крши начелата на „еднаквост пред законот“ и „слободата на економското делување на граѓаните“ , начела кои, како што нагласува, уживаат посебна заштита од Уставот.

- Законот не во хармонија со основните уставни начела на националниот идентитет и националното наследство, врз кои граѓаните на Република Албанија одлучија да ја изградат и развиваат својата држава. Исто така не е во согласност со европската конвенција за нематеријалното културно наследство, во спротивност со стандрадите и вредностите на ЕУ, како ни со начелата и стандрадите на постојната легислатива на Албанија, се наведува меѓу другото во образложението.

Тој посочува дека во време кога не функционира Уставниот суд за да ја испита уставноста на законот, го повикува Парламентот детално да го преразгледа истиот.

Одговорот на Мета следува само неколку дена откако група албански актери и писмено побараа од него да не го потпишува законот за уривање на Националиот театар Такво барање до него претходно доставија и претставници на невладини организации, а поддршка во тоа имаат и од албанската здружена опозиција.

Претседателот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша го предупреди премиерот Еди Рама, дека таквиот евентуелен потег би бил најава за војна. Тој на Рама му порача: Ако поставите мини на Националниот театар, бидете сигурни дека мини ќе ставиме и во вашите згради.

Парламент со 75 гласови „за“ и без присуство на опозицијата, но, благодрание на гласовите на двајцата пратеници од Партијата за правда и национално единство (партија на Чамите) и пратеникот Роберт Битри, кој недомана ја напушти партијата Движење за социјалситичка интеграција, законот го усвои на почетокот на месецов.

Националниот театар се смета за еден од најубавите и најзначајните објекти по кој е препознатлива албанската метропола.

Театарот е дело на италијанскиот архитекст Џулио Берте, почнал да се гради 1938 година по барање на албанското кралско семејство, а бил изграден следната година. Целиот комплекс „Национален театар“ oпфаќа површина од 13.000 квадратни метри, а на 7.000 е објектот во кој освен тетарот се и бибиолтеката, центарот на преведувачи, информативниот центар и слично.

Владата тука планира изградба неколку повеќекатници, а нов театар ќе гради на друга локација.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2018 01:26