Најјужниот црногорски град Улцињ ќе добие споменик на Џорџ Кастриот Скендербег, изјави претседателот на општината Улцињ, Љоро Нрекиќ.

Статуата треба да се постави на кружниот тек во центарот на градот, кој веќе го носи името на овој албански национален херој.

За поставување на споменикот веќе е добиена дозвола од Министерството за култура на Црна Гора, пренесува Ратио телевизија Црна Гора.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2018 17:04