Гугл ја објави својата ажурирана политика за објавување содржина во онлајн продавницата Гугл Плеј, која детално опишува кои теми и апликации се веќе забранети.
На пример, Гугл забранува објавување содржина што ги крши правата на детето. Апликации во кои се прикажани малолетници во сексуален контекст и апликации наменети за деца, но содржат материјали за возрасни, се забранети.
Публикувањето на апликации што содржат или промовираат сексуално ориентирани материјали како што се порнографија е исто така забрането. Покрај тоа, Гугл не ја одобрува содржината и услугите наменети за сексуално задоволство.
Под забрана спаѓаат исто апликации кои шират насилство, поттикнуваат извршување на такви активности или поттикнуваат омраза. Секоја содржина поврзана со тероризмот е забранета.
Програмерите немаат право да објавуваат апликации кои шпекулираат со трагични настани, како и апликации преку кои корисниците можат да купат оружје.
Во прилог, ажурираните правила на Гугл Плеј забрануваат апликации кои им овозможуваат на корисниците да тргуваат со бинарни опции, како и такви за екстракција на криптовалута локално - на самите Андроид уреди. Сепак, дозволени се апликации за далечинско „копање“ на криптовалути.