Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац по пласманот во финалето на ЕХФ шампионатот што се одржува во Скопје, изјави дека победата е целосно заслужена и дека понекогаш „среќата мора и да се заслужи“. Македонија вчера во драматичен меч ја победи селекцијата на Фарски Острови по пенали со 25:27. - Среќен сум со финалниот резултат, не сум многу задоволен од нашата игра. Имавме пет гола предност и им дозволивме да се вратат. Среќата некогаш мора и да се заслужи и ја заслуживме. Уморни сме, благодарение на РФМ, вчера направивме криотерапија и ги ставиме играчите на -130 во текот на вчерашниот ден. Тоа беше позитивно, се виде некоја свежина посебно во првото полувреме. Многу не намачи таа игра 7 на 6. Промашивме многу зицери во напад, а сите имавме по неколку грешки. Во нападот проблем ни е реализацијата, можеби малку придонесе и лошата ротација од моја страна, анализираше Брестовац по вчерашниот меч. Вечерва од 20 часот, „жолто-црвените“ ќе спорат против Белорусија за пласман меѓу најдобрите 16 селекции во Европа за шампионатот во 2020 година.