Царската коњушарница во Софија, голем комплекс во центарот на градот кој датира од времето на бугарскиот цар Фердинанд, изгоре ноќеска во голем пожар.

Околу 1.500 квадратни метри од покривната конструкција биле уништени во стихијата, а пожарникарите безмалку три часа се бореле со огновите.

Комплексот во 2016 година му беше продаден на Јанко Иванов, поранешниот директор на пропаднатата Корпоративна трговска банка, за сума од 90 лева по квадратен метар која се сметаше за смешно ниска. Во него се сместени одделенија на Националната уметничка академија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2018 19:59