Фејсбук објави спонзорирана објава во која бара Македонец во своите редови. Успешниот кандидат ќе работи со македонскиот пазарен тим за да ги разгледа содржините пријавени за потенцијални злоупотреби, да ги реши проблемите со корисничките сметки, да го подобри општото искуство за поддршка на македонскиот пазар, како и да ги реши тематските глобални проблеми.

Лицето ќе биде дел од тимот кој анализира податоци и ќе помогне Фејсбук да ги прошири операциите преку оптимизирање и автоматизирање на процесите, решавање на проблемите и што е најважно, нивното превенирање.

Работните обврски и потребните квалификации можат да се погледнат на официјалниот оглас објавен во Facebook Careers секцијата на следниов линк



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 01:50