Според податоците на хрватската Финансиска агенција (ФИНА), кон крајот на јуни во Хрватска биле блокирани вкупно 23.159 деловни субјекти со вкупен долг од 12,29 милијарди куни (1,66 милијарди евра).

Од вкупниот број блокирани субјекти, 8.078 се правни лица, а 15.081 се физички лица.

Над една третина од блокираните субјекти или 35,2 проценти се наоѓаат на територијата на Загреб.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 12:21