На 70-годишна возраст утрово почина поранешниот албански министер за надворешни работи и за одбрана Луан Хајдарага.

Хајдарага беше еден од клучните личности во Социјалистичката партија и подолг период и нејзин втор човек.

Во март годинава враќајќи се од Струга, каде беше професор на тамошниот унивезитет, на преминот Ќафасан доби излив во мозокот.

Откако кусо беше лекуван во Универзитетскта клиника во Тирана, Хајдерага беше префлен на лекување во Турција. Албанската Влада одобри 1,7 милиони леки (13.500 евра) за неговото лекување.

Хајдерага е роден на 2 август 1948 година во Тирана. Тој во два мандата пратеник во Собранието на Албанија, од 1998 до 2000 година министер за одбрана, а од јули до декември 2003 година и шеф на албанската дипломатија. Хајдерага беше и директор на Инситутот за педагошки науки и универзитетски професор.

Автор е на повеќе дела од областа на експерименталната и детска прихологија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 13:47