Се поголем број туристи ја посетуваат Словенија со цел да ги набљудуваат мечките, јави словенечкта новинска агенција СТА.

Најдобро време за набљудување на мечките е летото и почетокот на есента, кога деновите се долги, а мечките излегуваат да бараат храна, се додека не падне мрак, изјаи Миха Јернејчич од регионалниот парк Нотранска.

Тој додаде дека набљудувањето на мечките е безопасно, ако туристите се придружувани од вооружен ловец.

- Местото каде се движат мечките има ограда од четири метри, а кога животните ќе почувствуваат дека во близина има луѓе, тие се повлекуваат, посочи Јернејчич.

Покрај во регионалниот парк Нотранска, мечки може да се видат и на планината Кочевски Рог.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 14:16