Пензиониран офицер од морнарицата на Грција поднесе прва приватна тужба против лица одговорни за големиот пожар што ја погоди источна Атика на 23 јули.

Панајотис Стаматис поднел тужба против сите одговорни вклучително и министри, вработени во министерства, официјални претставници на Атика и други.

Побарал од судовите да испитаат дали може да бидат поднесени тужби за сериозни кривични дела, вклучително и убиство, пожари и повреда на градежни прописи што резултираше со смртни случаи и занемарување на должности.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас денеска го посети за првпат по трагедијата гратчето Мати во која најмалку 91 човек загинаа. Пожарот изби во понеделникот на 23 јули околу 30 км источно од Атина. Дваесет и пет луѓе се уште се водат како исчезнати, а 28 тела треба допрва да бидат идентификувани.

Ципрас презеде политичка одговорност за несреќата и вети низ измени меѓу кои и сузбивање на илегално градење и опасно градење што се смета дека оневозможило луѓето да најдат излез од огнената стихија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 16:25