Грчката полиција за една седмица приведе десетици имигранти откако се обиделе да патуваат во други европски земји со лажни пасоши или лични карти.

Вкупно 66 лица покажале лажни документи на аеродромите Хераклион, Ханија и Ситонија.

Луѓето сакале да отпатуваат кон Германија, Франција и други земји во Централна и Западна Европа, објави грчката полиција денеска.

Полицијата често ги фаќа мигрантите со лажни документи за време на туристичката сезона во Грција. Трговците со луѓе развиваат бизнис со фалсификување на документи, јави ДПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2018 18:10