Општина Аеродром деновиве спроведе еколошка акција за расчистување на кабастиот отпад кој граѓаните несоодветно го оставиле на јавна површина.

Акцијата, што изминатите неколку дена се реализираше на целата територија на општината се спроведе во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Исто така, за да не се остава кабастиот отпад на недозволена јавна површина, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 13:23