Екипи на ЈП Улици и патишта Скопје го чистат коритото на Вардар, согласно со Програмата за негово одржување како и на притоките на Вардар - реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2018 година.

- На потегот од мостот „Гоце Делчев“ до полигонот под Кале, екипите рачно ја чистат нискостеблеста вегетација од косините и од кејот на реката Вардар, а со багери машински се чисти и коритото од градежен шут и од наносите на надојдените води од обилните врнежи од дожд. Рачното чистење на вегетацијата, како и машинското чистење на минор коритото на реката Вардар, во централното градско подрачје ќе продолжи и во текот на наредните денови, соопшти Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 13:37