Инфромациите дека Велика Британија не го вклучила косовскот прашање на листата на теми за кои треба да се разговара за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во текот на август, во Србија наиде на остри рекации, а настанот го прокоментира и српската премиерка Ана Брнабиќ.

- Сметам дека тоа е несериозно... Особено од земја која излегува од Европската унија, изјави Брнабиќ.

Таа потсети дека во јули во Лондон се одржа Самитот на премиерите на државите од земјите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

- Не можам да разберам дека некој од една страна сака да биде домаќин на состанокот, а од друга страна не сака да ја стави во агендата темата за Косово. Не може да биде и едно и друго, тоа е политички несериозно и нечесно, рече Брнабиќ.

Претходно, српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ставот на Лондон е очекуван и дека Велика Британија „очигледно не ја интересира српскиот став" и дека тоа е „јасна порака“.

Доколку преовлада ставот на Велика Британија, тоа би било првпат во Советот за безбедност на ОН да не се разговара за Косовското прашање во период од тримесечен интервал, како што беше правило до сега.

Според срспките медиуми, на овој став на Велика Британија силно се противат Кина и Русија, а исходот од оваа дипломатска битка треба да биде познат до крајот на оваа недела.

Извештаите на генералниот секретар на ОН за состојбата на Косово се задолжителни според Резолуцијата 1244, но во неа не се прецизира колку често тие треба да се поднесат, туку се посочува дека тоа треба да биде во соодветни временски интервали.

Велика Британија и некои другите западни земји, како САД, Холандија, Шведска, веќе подолго време посочуваат дека седниците на Советот за безбедност на ОН за Косово треба да се проредчат.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 14:42