Младата српска тенисерка, Олга Даниловиќ, која изминатиов викенд го освои турнирот во Москва, изјави дека почнала да игра тенис гледајќи ги Новак Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ. Даниловиќ стана првата тенисерка која освоила ВТА трофеј и е родена во 21 век, откако во финалето на турнирот во Москва ја победи врсничката Анастасија Потапова. Нејзин татко е славниот поранешен кошаркар Предраг Даниловиќ, но таа не одлучила да тргне по неговите стапки, туку се свртела кон тенисот. - Решив да играм тенис поради Новак Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ. Ана ми е идол, но и Новак е неверојатен. Кога секој човек би имал барем дел од нивната ментална сила, светот би бил многу подобро место, изјави Олга. Најдобриот совет во животот Олга го добила од својот татко. - Мојот татко ми ги даде најдобрите совети. Тој ми рече никогаш да не се откажувам од она што го посакувам и го сакам најмногу. Секогаш кога ќе излезам на теренот, мислам на тоа, рече Даниловиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2018 14:59