Претседателот на Светската тениска федерација, одговори на критиките за прошталната церемонија на Рафаел Надал.
Дејвид Хагерти го коментираше мислењето дека церемонијата во финалето на Дејвис купот не одговара на размерите на кариерата на Шпанецот.
- Рафа е неверојатен играч, тој остава големо наследство, инспирираше милиони играчи ширум светот. И мислевме дека е важно да слушаме како самиот Рафа сака да се збогува. Тоа е она што го направивме. Луѓето можат да мислат што сакаат, но најважно ни е што ја организиравме церемонијата како што сакаше Рафа. И тоа беше одлична вечер, што тој навистина го ценеше, истакна Хагерти.
Надал со пораз во четвртфиналето во Дејвис Купот во Малага пред една недела стави крај на својата богата играчка кариера