Новиот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, изјави дека нема конкретни очекувања во однос на резултатите за претстојната сезона.
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња летово си замина од Кливленд кавалис и се пресели во Калифорнија, а Лејкерс со него планираат повторно да се вратат во врвот на НБА лигата.
- Ги знаете моите шампионски навики. Но, тоа само по себе не носи и шампионска титула. Потребна е напорна работа и посветеност, а тоа го очекувам и од моите соиграчи. Нормално е да има и падови и искачувања, тие нешта ми се добро познати, истакна кошаркарот.
Џејмс е освојувач на три шампионски прстени, а за него ова ќе биде прва сезона во кариерата да настапува за тим од Западната конференција. Досега освен за Кливленд настапуваше и за Мајами хит.