Девет лица се повреден во пожар што избувна синоќа во белградската општина Земун.
Белградската службата за Брза помош информираше дека помош им била пружена на седуммина пожарникари кои „се надишале чад“, а еден од нив се здобил и со изгореници, но е вон животна опасност.
Уште две други лица, исто така, се жалеле на гушење од чад, а едното од нив имало и помали изгореници.
Пожарот избувнал околу 22 часот во фабрика за мебел, а за целосно гаснење на огнот на пожарникарите им биле потребни околу четири часа.
Огнот зафатил два погона од фабриката со површина од неколку стотини метри кавдратни, како и една приватна куќа и неколку возила паркирани во близина.
Поради пожарот полицијата спровела евакуација на жителите во реонот околу фабриката.
Во гаснењето на огнот учествувале 62 пожарникари со 20 противпожарни возила.